Активности



Понеделник, 29 јуни 2009 година

Пратеникот Хајрула Мисини се сретна со Мохамед Реза Сокут нерезидентен амбасадор на Исламската Република Иран во Република Македонија

На 29 јуни 2009 година во Собранието на Република Македонија беше остварена средба на пратеникот г. Хајрула Мисини, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран со Н.Е. г. Мохамед Реза Сокут, нерезидентен амбасадор на Исламската Република Иран во Република Македонија, на негово барање.

На средбата се разговараше за можностите за воспоставување на поинтензивна соработка на ниво на двата парламента, со иницирање на потесна соработка меѓу пратеничките групи за соработка кои се формирани и во Собранието на Република Македонија и во Парламентот на Исламската Република Иран. Истовремено, беше истакната потребата од натамошно промовирање и унапредување на севкупната соработка меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран на планот на стопанската соработка и соработката во културата, здравството и другите општествени области. Заемно беше искажана поддршка на натамошната реализација на Договорот за економска и трговска соработка меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран склучен во 2002 година, вреден 10 милиони САД долари.  

На средбата беше потенцирано дека самиот факт што Исламската Република Иран ја има признаено Република Македонија под нејзиното уставно име, како и одредените заемни ослободувања во визниот режим за граѓаните на двете земји, придонесува кон зацврстувањето и негувањето на добрите билатерални односи меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран.   

Click