Активности

Четврток, 8 октомври 2009 година

Средба на Комисијата за надворешна политика со делегација на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија


Претседателката на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Теута Арифи и членовите на комисијата имаа средба со делегација на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија.


На средбата претседателката ги запозна гостите со членовите и со работата на комисијата при што истакна дека се потребни почести контакти меѓу овие комисии.

Исто така на средбата се истакна дека двете држави имаат економска и културна соработка и дека има многу полиња за делување.

Регионалниот пристап од страна на Европската унија е нешто на што мора да се обрне внимание, да се зголеми политичкиот дијалог, се истакна на средбата.

 



Click