Активности



Четврток, 23 јули 2009 година

Средба на комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен со членовите на Националниот совет за евроинтеграции

Комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен на средбата со членовите на Националниот совет за евроинтеграции, каде што присуствуваа и членови на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - Европска унија беше запознат со работата на Националниот совет за евроинтеграции.

Тој истакна дека верува дека предлогот на Европската комисија за визна либерализација ќе биде одобрен од ЕУ и поседувањето на биометриски пасош ќе биде единствен услов за безвизно патување на граѓаните на Република Македонија. Притоа, г. Оли Рен укажа на тоа дека брзината и квалитетот за визната либерализација беа многу важни и дека од Република Македонија се очекува така да биде и за патот кон Европската унија.

Препораката за датум за отпочнување на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија зависи од нашите осум одредници и од нивното исполнување.

Click