Активности



Вторник, 23 јуни 2009 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија, г. Винценс Отоничар

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија.На средбата беше искажана голема благодарност до Република Словенија за огромната поддршка што ја дава во сите сфери на Република Македонија, а особено на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

Исто така, стана збор за изборите во Европската унија и покрај заморот за проширувањето што се чувствува кај некои членки на ЕУ, Република Македонија, а и земјите од Западен Балкан, мора да добие порака дека проширувањето мора да продолжи.

Еден од сигналите на Европската унија е визната либерализација за Република Македонија, која ќе се случи до крајот на оваа година.

Беше укажано дека визната либерализација треба да ги потврди напорите на политичарите и да ги награди граѓаните на Република Македонија за сите жртви во оваа транзиција која премногу долго трае.

Република Македонија и Република Словенија немаат отворени прашања и тие успешно соработуваат на повеќе полиња, но таа соработка може да биде уште поголема на планот на земјоделството, да се најдат механизми како македонските земјоделски производи да се пласираат и да дојдат до словенечките пазари.

 





Click