Активности



Вторник, 9.6.2009 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.

Пратеничките групи за соработка работат на унапредување на хрватско-македонските односи и досегашните нивни искуства говорат дека нема отворени прашања меѓу двете држави.

Исто така на средбата се разговараше и за економските односи меѓу двете држави кои се на високо ниво, има заеднички вложувања и меѓу кои постојат цврсти деловни врски, а на културен план се чувствува подем.

Соработката меѓу двата парламента редовно се одвива, има размени на посети, заживува непосредната комуникација и со непосредни контакти овие односи се продлабочуваат и продолжуваат.

На средбата стана збор и за ИПА фондовите на ЕУ и беше пренесено хрватското искуство во врска со искористувањето и преземањето на координација на ИПА фондовите.

Click