Активности



Вторник, 19 мај 2009 година

Средба на г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции со претседателот на Сенатот на парламентот на Република Чешка, г. Пржемисл Соботка

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска и членовите на советот имаа средба со претседателот на Сенатот на парламентот на Република Чешка, г. Пржемисл Соботка, кој со делегација се наоѓа во официјална посета на Република Македонија.

На средбата претседателот на Сенатот на парламентот на Република Чешка, г. Пржемисл Соботка беше запознат со работата и со составот на Националниот совет за евроинтеграции, кој своите одлуки ги носи со консензус и чија цел е позитивен притисок со своето реноме и кредибилитет.

Националниот совет за евроинтеграции има две цели за 2009 година и тоа се визна либрализација и добивање датум за отпочнување на преговори за членство во Европската унија.

На средбата се искажа благодараност до Чешката Република за поддршката што и ја дава на Република Македонија за влез во НАТО и во Европската унија, а исто така се проговори и за билатералната соработка меѓу двете држави, која е на високо ниво и која ќе продожи и понатаму.

Click