Активности



Понеделник, 22 јуни 2009 година

Средба на претседателката на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија

Претседателката на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Теута Арифи и членовите денеска се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија, г. Винценс Отоничар и членовите.

Националниот совет на парламентот е втор дом во Република Словенија, кој брои 40 членови, кои се избрани на посредни избори и кој не функционира партиски. Тој има многу надлежности во своето работење, може да распише референдум, потоа  изгласаните закони да ги даде на Уставен суд, и има право на вето при донесување на одредени закони. Исто така Националниот совет на Парламентот на Република Словенија има 7 комисии, од кои е една и Комисијата за надворешна политика, која ги покрива европските прашања, прашањата за етничките заедници и други.

Националниот совет има добра соработка со невладиниот сектор во Република Словенија, организира дебати, трибини, советувања и добиените одговори се користат за подобрување на законите.

Националниот совет внимателно ја следи состојбата со влегување на Република Македонија во ЕУ и НАТО и на сите интернационални средби говори за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО, а пред сè за побрзо укинување на визите за граѓаните на Република Македонија.

Со реализирање на визната либерализација се добиваат добри сигнали, но пожелно е таа да се заврши до крајот на годината и таа е шанса за понатамошно образование на младите кадри на Република Македонија.

Република Македонија и Република Словенија имаат отворени и конструктивни односи и меѓу нив нема отворени прашања.

На средбата, исто така, се истакна дека Република Словенија имаше успешно претседателствување со Европската унија и дека е успешен лобист за Република Македонија затоа што со нејзината отворена поддршка кон Република Македонија, со јасните, добри намери може да се вклучи во оние земји-членки на ЕУ кои многу прават за Република Македонија.

 

 

 

Click