Активности



Понеделник, 22.6.2009 год., Стразбур

Изборot на генерален секретар на Советот на Европа одложен за октомвриската сесија

Од 22 до 26 јуни 2009 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во работата на ПС на СЕ и неговите тела учествуваат шефот на Делегацијата Оливер Шамбевски и членот Игор Ивановски.

Парламентарното собрание одлучи да не ја стави на дневен ред точката за избор на генерален секретар и да не го става ова прашање како итна точка за расправа. Изборот на генерален секретар се очекува да се случи за време на октомвриската сесија, откако ќе биде надминато несогласувањето меѓу Комитетот на министри и Парламентарното собрание околу постапката за избор на кандидати на оваа функција.

На оваа сесија, како итна точка ќе се расправа за актуелната состојба во Иран, а свое обраќање ќе имаат претседателката на Ирска, г-ѓа Мери Мекалис, премиерот на Словенија, г. Борут Пахор, претседателот на Европската банка за обнова и развој г. Томас Мироу и други.  

Click