Активности



 Петок, 16 октомври 2009 година 

Потпретседателот на Собранието на Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска оствари средба со Изборната делегација на Германија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска се сретна со Изборната делегација на Германија, предводена од пратеникот на германскиот Бундестаг, г. Хелмут Ламп по повод доделувањето на Меѓународната парламентарна  стипендија за 2010 година.

На средбата потпретседателката констатира дека билатералните односи на двете земји ги карактеризира пријателство и висок степен на меѓународно разбирање, при што особено ја истакна улогата на Германија во НАТО и во ЕУ структурите каде е  еден од главните поддржувачи на Република Македонија кон нејзиното интегрирањето во НАТО и ЕУ.

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, исто така, изрази благодарност во врска со ИПП проектот, кој овозможува младите луѓе на Република Македонија да се запознаат со парламентарниот, политичкиот, академскиот и културниот живот на Германија и тоа знаење да го пренесат тука.

Имено, Меѓународната парламентарна стипендија е традиционална активност на германскиот Бундестаг односно Проект на германскиот парламент, кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт од Берлин, дава можност на млади политички ангажирани луѓе со завршено универзитетско образование од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламенарниот систем на Германија.

Пратеникот на германскиот Бундестаг, г. Хелмут Ламп  истакна дека Бундестагот силно се ангажира на оваа програма и дека во 2010 година, 120 пратеници ќе прифатат стипендисти. Воедно изјави дека апликантите од Република Македонија доаѓаат подготвени во Бундестагот.

 

Click