Активности



Среда, 30 септември 2009 година

Торбјорн Јагланд - нов генерален секретар на Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа го избра г.Торбјорн Јагланд од Норвешка за нов генерален секретар на Советот на Европа за следниот петгодишен мандат. Во првиот круг на изборите, од вкупно 245 гласови, г.Јагланд освои 165 (апсолутно мнозинство) наспроти г.Владимир Тимошевич од Полска, кој доби 80 гласови.

Г.Торбјорн Јагланд е претседател на Норвешкиот парламент од 2005 година и член на Парламентот за областа Бускеруд од 1993 година.

На 1 октомври 2009 година, г.Јагланд ќе положи заклетва како генерален секретар на Советот на Европа.


Click