Активности



Понеделник, 13 јули 2009 година

Усвоени седум документи на Г-8 Самитот во Аквила

На тридневниот самит на Г-8, кој се одржа од 8 до 10 јули во италијанскиот град Аквила и на кој учествуваа вкупно 39 шефови на држави или влади, беа усвоени седум документи кои треба да помогнат за решавање на глобалните прашања.

  1. Г-8 Декларација за „Одговорно раководство за стабилна иднина“;
  2. Г-8 Декларација против тероризмот;
  3. Г-8 Аквила Декларација за неширење;
  4. Заедничка декларација за „Промовирање на глобалната агенда“;
  5. Декларација на Големиот економски форум за енергијата и климата;
  6. Декларација Г-8 - Африка за „Засилено партнерство меѓу Г-8 и Африка за водата и основните санитарни услови“;
  7. Заедничка декларација за Глобално осигурување со храна „Аквила иницијатива за осигурување со храна“

Во градот, кој сè уште страда од земјотреси, под мотото „Помош за самопомош“ беше договорено во наредните три години да се одвојат 10,7 милијарди евра за да се зголеми производството на храна во најсиромашните земји, главно во Африка.

Во Аквила е постигнат и значаен напредок во пресрет на Конференцијата на ОН за климата, закажана за во декември во Копенхаген - глобалното затоплување до 2050 година да се ограничи на максимум два степени. Во истиот период индустриските земји ветија дека ќе ги намалат емисиите на издувни гасови за 80% во однос на нивото од 1990 година, а земјите во подем да постигнат „значителни заштеди“.

„Ова беше многу добар Самит, се расправаше за многу важни глобални прашања и во некои области постигнавме значителен напредок“, изјави шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд, чија земја претседава со Европската унија. 

Click