Активности



Вторник, 23 јуни 2009 година

Во ИТ технологијата Собранието на Република Македонија лидер во регионот

Потпретседателот на Собранието, господин Јани Макрадули, денеска го прими господин Кевин Исак, потпретседателот на позната софтверска компанија „Симантек“. Во разговорите потпретседателот Јани Макрадули истакна дека во овој парламентарен состав постигнати се големи резултати во воведувањето на ИТ технологијата во Собранието.

При крај сме со проектот е-парламент, кој претставува, од една страна полесно и поквалитетно работење за сите пратеници и  ја подобрува работата на собраниската администрација, а во исто време се обезбедува многу поголема транспарентост во нашето работење. Токму тоа е и еден од условите за вистинска парламентарна демократија. Сето ова, истакна потпретседателот на Собранието, е резултат на волјата и разбирањето од страна на претседателот на Собранието, но и на сите 120 пратеници, бидејќи кога станува збор за ИТ, тука секогаш имаме консензус.

Во исто време, на овој начин ги поттикнуваме и другите институции за поголема имплементација на ИТ во работењето, а со тоа влијаеме и на присутноста и користењето на ИТ во секојдневието. Не треба да се заборави дека со ова ги исполнуваме и оние услови и препораки на ЕУ кога станува збор за примената на ИТ, но и препораки и конвенции кои се однесуваат и на заштитата на податоците во електронската комуникација и на интелектуалната сопственост.

Потпретседателот на „Симантек“, Кевин Исак, на самиот почеток истакна дека тој е навистина многу пријатно изненаден од тоа што го видел. Верувајте дека кога станува збор за примената на ИТ технологијата во вашиот парламент, вие не само што сте лидер во регионот, туку во некои работи сте и понапред од многу држави-членки на ЕУ. „Симантек“ како една од најголемите светски фирми кога станува збор за заштитните системи во ИТ технологијата, навистина изразува големо признание како вие како мала држава тоа го имате имплементирано. Затоа ние сме подготвени вашите резултати да ги претставиме и пошироко, бидејќи многу држави во регионот, но и во Европа, ќе мора да го направат, затоа што тоа се препораки и директиви на ЕУ, а во исто време да ја продолжиме и соработката со вас и тоа не само на комерцијален план, туку во обете насоки, бидејќи тоа е и политиката на нашата компанија.

Click