Активности



Петок, 10 јули 2009 година

Во вторник ќе се бира нов претседател на Европарламентот

Новиот Европски парламент на конститутивната седница на 14 јули во Стразбур ќе го избере новиот претседател за наредните 2,5 години. Својата кандидатура за наследник на г-дин Ханс-Герт Петеринг ја објавија поранешниот полски премиер и член на Европската народна партија, г-дин Јежи Бизек, како и Ева-Брит Свенсон од Шведска, европратеник на Конфедеративната група на Европската обединета левица - Северна зелена левица.

Ден подоцна, европратениците со премиерот на Чешка, г-дин Јан Фишер, ќе ги разгледаат резултатите од чешкото претседавање на ЕУ, кое заврши на 1 јули. Потоа шведскиот премиер, г-дин Фредрик Рејнфелд, ќе ја претстави  програмата на новото претседателство на неговата земја со ЕУ за следните шест месеци.

На 16 јули конститутивната седница ќе одржат и некои од парламентарните комисии на новоизбраниот Европарламент.

Click