Активности



Петок, 10 јули 2009 година

За прв пат ограничено глобалното затоплувањето

На Самитот на Г-8 во италијанскиот град Аквила, најголемите индустриски гиганти во светот во врска со климатските промени се договорија глобалното затоплувањето да го ограничат на два степени Целзиусови, а намалувањето на издувните гасови штетни за атмосферата за 50% до 2050 година.

- Проблемот не може да се реши на една средба. Но ние направивме важни чекори напред на патот кон Копенхаген. Не треба да истакнувам дека промената на климата е еден од проблемите на нашата ера. Резултатите од истражувањата и заклучоците од нив се јасни и не можат повеќе да бидат игнорирани, изјави претседателот на Соединетите Американски Држави, г-дин Барак Обама. 

Лидерите на државите од Г-8 го осудија насилството против демонстрантите во Иран и ѝ дадоа рок на оваа земја до септември да одлучи дали е подготвена за преговори за нејзината спорна атомска програма.

На тридневниот Самит во Аквила исто така беа осудени нуклеарните тестови што ги изврши Северна Кореја на 25 мај, кои беа наречени „тешко прекршување“ на резолуциите на ООН.

На денешниот, последен ден од Самитот, на кој ќе се расправа за борбата со сиромаштијата во Африка, ќе учествуваат дури 28 земји и раководители на 8 меѓународни организации.

Click