Активности

Вторник, 21 јули 2009, Kомисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии

На Дваесеттата седница, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии (второ читање).

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии до определениот рок за поднесување амандмани согласно со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците Андреј Петров и Роза Топузова Каревска.

Пратеникот Андреј Петров во името на пратеничката група на СДСМ истакна дека ја дава својата поддршка на Предлогот на законот во насока на исполнување на правната рамка, а со тоа и придонесување кон интеграциските процеси на Република Македонија, притоа искажувајќи дилеми за одредени одредби.

Пратеникот Роза Топузова Каревска укажа на потребата од донесување на закон кој ќе го контролира финансирањето на политичките партии, давајќи осврт на моменталната состојба во финансирањето на политичките партии во Република Македонија.

Комисијата со 7 гласа „за“ и 3 гласа „воздржани“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии.

 

 


Click