Активности



Четврток, 19.2.2009 год., Вести од Европска унија

Започнува седница на Европскиот парламент


Брисел - Европската криза ќе биде една од најважните теми на првата годинешна мини-пленарна седница на Европскиот парламент. Одборот за вработување и социјални прашања ќе го извести парламентот за можноста за воведување на т.н. социјално стопанство, како инструмент за намалување на негативните движења на пазарот на капиталот.

Парламентот, исто така, ја поздравува можноста за намалување на данокот на додадена вредност на нови категории на стоки и услуги. На локалните заедници треба да им се дозволи намалување на даночната стапка на додадена вредност на стоки и услуги како што се, на пример, аудио-книги и угостителските услуги, ако таквото намалување не влијае на конкурентноста на внатрешниот заеднички пазар, стои во соопштението на Европскиот парламент.

Се очекува донесување и на законодавна резолуција за построго казнување на работодавците кои вработуваат илегални имигранти.Во сенката на неодамнешната криза во недостиг од природниот гас, европските парламентарци ќе расправаат за нуклеарната енергија како алтернатива на фосилните горива. Се предвидува дека до 2030 год. Европската унија ќе увезува 95 проценти нафта за сопствена употреба, затоа е битно да се намали зависноста од надворешни извори на енергија. Исто така, треба да се зголеми енергетската ефикасност и рационалност затоа што Европската унија, поради неефикасноста губи 20 проценти од енергија, наведува Одборот за индустрија ,истражување и енергија.

Click