Активности



Среда, 16 септември 2009 година, Стразбур

Жозе Мануел Баросо реизбран за претседател на Еврокомисијата

На третиот ден од пленарната седница во Стразбур, Европскиот парламент ја поддржа кандидатурата на г.Жозе Мануел Баросо за втор петгодишен мандат на местото претседател на Европската комисија.

Резултатите од денешното гласање ги објави претседателот на Европарламентот, г.Јержи Бузек. Од 718 европратеници, за реизбор на г.Баросо гласаа 382, 219 беа „против”, а 117 „воздржани“.

Поранешниот португалски премиер, кој немаше конкурент за позијата прв човек на Комисијата, стана само третиот претседател на Европската комисија, кој е преизбран. Тој им се заблагодари на европратениците кои ја поддржаа неговата кандидатура.

„Како претседател на Комисијата мојата партија ќе биде Европа”, изјави г.Баросо.

Click