Самит ЕУ - САД...



Понеделник, 2 ноември 2009 година

Самит ЕУ - САД

Утре во Вашингтон ќе се одржи самит меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, на кој американскиот претседател г.Барак Обама ќе биде домаќин на премиерот на Шведска како претседавач со ЕУ, г.Фредрик Рејнфелд. На средбата исто така ќе учествуваат и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и сигурносна политика, г.Хавиер Солана.

Прочитај повеќе

ПСРМ на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон...



Понеделник, 2 ноември 2009 година

Учество на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски заедно со потпретседателот на Собранието, г.Јани Макрадули ќе учествува на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон.

Прочитај повеќе

Прифатено барањето на Вацлав Клаус за Лисабонскиот договор ...



Петок, 30 октомври 2009 година

Прифатено барањето на Вацлав Клаус за Лисабонскиот договор

На Самитот на Европската унија во Брисел, претставниците на 27-те земји-членки на ЕУ го прифатија барањето на Чешка да биде изземена од Повелбата за човекови права која е составен дел од Лисабонската спогодба.

Прочитај повеќе

40 седница Комисија за финансирање и буџет...



Вторник, 27 октомври 2009 година

Четириесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Четириесеттата седница одржана на 26 октомври 2009 година, ги разгледа Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (прво читање).

Прочитај повеќе

ПСРМ го прими Зоран Талер европратеник и известител за РМ...



Четврток, 29 октомври 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска го прими Зоран Талер европратеник и известител за Република Македонија во Европскиот парламент

На средбата претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, уште еднаш ги истакна позитивните резултати на Република Македонија и нејзините институции во остварувањето на евроатлантските интеграции. Визната либерализација за нашите граѓани, како и Извештајот на Европската комисија и препораката за добивање датум за отпочнување на преговорите секако ги потврдува нашите резултати, нашата посветеност за членство во Европската унија.

Прочитај повеќе

30 седница на комисијата за политички систем и односи меѓу ...



Среда, 28 октомври 2009 година

Триесетта седница на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како матично работно тело на триесетатта седница одржана на 26 октомври 2009 година ги разгледа :

Прочитај повеќе

Романија, 28.10.2009...



Среда, 28 октомври 2009 година, Букурешт, Романија

Делегација на Собранието на Република Македонија во ПД на ЦЕИ учествува во работата на годишната сесија на Парламентарното собрание на ПД на ЦЕИ во Букурешт, Романија

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД на ЦЕИ) предводена од шефот на делегацијата, г. Петар Поп Арсов, а во чиј состав се и членовите Јован Лазарев и Марјанчо Николов, учествува во работата на годишната сесија на Парламентарното собрание на ПД на ЦЕИ што се одржува во Букурешт, Романија.

Прочитај повеќе

Самит на ЕУ во Брисел...



Четврток, 29 октомври 2009 година

Самит на ЕУ во Брисел

На 29 и 30 октомври во Брисел ќе се одржи Самит на Европската унија, на кој лидерите на земјите-членки главно ќе расправаат за глобалното затоплување и иднината на Лисабонскиот договор, кој не може да стапи на сила сè додека не биде потпишан од сите земји-членки на ЕУ, а единствено недостасува потписот на чешкиот претседател Вацлав Клаус. 

Прочитај повеќе

Истанбул 2, 26.10.2009...



Понеделник, 26 октомври 2009 година, Истанбул

Парламентарците ја потпишаа Декларацијата за дијалог меѓу културите и религиите во Медитеранскиот регион

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на Медитеранот и Парламентот на Република Турција, на 23 и 24 октомври 2009 година во Истанбул, Република Турција, се одржa Четвртата редовна годишна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот

Прочитај повеќе

Република Хрватска, 27.10.2009...



Вторник, 27 октомври 2009 година, Загреб, Република Хрватска

УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ СЕМИНАР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА И РЕГИОНАЛЕН ВНАТРЕШЕН ПАЗАР

Нашата делегација од Собранието на Република Македонија ја сочинуваа пратениците: Ванчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ, Роза Топузова Каревска од ЛДП, Феми Јонузи од ДУИ и Миле Андонов од СДСМ

Прочитај повеќе
1...91011...38                                       
Click