Семинар за родот 21.10.09...



Среда, 21 октомври 2009 година

Семинар за „Вклучување на родот во создавањето национална безбедносна политика и во надзорот врз безбедносниот сектор“

Во Собранието на Република Македонија се одржа првиот дел од дводневниот семинар насловен како „Вклучување на родот во создавањето национална безбедносна политика и во надзорот врз безбедносниот сектор“, во организација на Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), ОДИХР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Прочитај повеќе

ИПУ 2, 21.10.2009...



Среда, 21 октомври 2009 година, Женева

На ИПУ законодавците усвоија итна точка со која се овозможува парламентарна акција за обезбедување на глобална безбедност на храната

На 121. Собрание на ИПУ, законодавците усвоија итна точка на предлог на делегациите на Австралија и Уганда, со која се овозможува парламентарна акција за обезбедување на глобална безбедност на храната

Прочитај повеќе

НСЕИ разгледан извештај на ЕК за напредок на РМ 22.10.09...



Четврток, 22 октомври 2009, Националент совет за евроинтеграции

Разгледан Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година

На седницата свое обраќање имаше г. Ерван Фуере, Специјален претставник на Европската унија и Шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, како и г. Ларс Петер Фреден, Амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на За...



Понеделник, 26 октомври 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 21 октомври 2009 година во прво читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г-дин Џевад Бучи, заменик-министер за внатрешни работи, кој ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Заменик-министерот истакна дека бројот на бегалци кои престојуваат на територијата на Република Македонија е занемарлив и дека со овие квалитетни измени и дополнувања на законскиот текст ќе се решат проблемите од оваа област.

Во расправата учествуваа пратениците: Станка Анастасова, Христина Рунчева, Кенан Хасипи и Петар Поп-Арсов.

Комисијата едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија дека Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за азил и привремена заштита е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Прочитај повеќе

Џевад Адеми со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје...



Четврток, 22 октомври 2009 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џевад Адеми со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците Џеват Адеми на ден 20 октомври 2009 година одржа работна средба, во неговиот работен кабинет, на барање на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Хозе Луис Херера и Кјетил Исане офицер за политичко известување

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски оствари средба со г-ѓа Тереса Местр...



Понеделник, 19 октомври 2009 година, Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. трајко вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес

На маргините на 121 Собрание на Интерпарламентарната унија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на параламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес

Прочитај повеќе

Европарламентот го поддржа Извештајот за визна либерализаци...



Вторник, 20 октомври 2009 година

Европарламентот го поддржа Извештајот за визна либерализација

Комитетот за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи на Европскиот парламент, синоќа во Стразбур со огромно мнозинство гласови го поддржа Извештајот за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година. Против гласал само еден европратеник, додека двајца биле воздржани.

Прочитај повеќе

Работна средба на ИППГ за права на лицата со хендикеп со пр...



Четврток, 22 октомври 2009

Работна средба на ИППГ за права на лицата со хендикеп со пратениците

Презентирањето на предлог Глобален акционен план (ГАП) на ИППГ за 2009 – 2012 година, формирањето на работните групи по дефинираните цели од ГАП и информација за активностите преземени во насока на ратификација на Конвенцијата при ОН за правата на лицата со хендикеп, беа дел од темите на дневниот ред

Прочитај повеќе

29 седница Комисија за економски прашања...



Четврток, 22 октомври 2009 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Дваесет и деветтата седница, одржана на 20 октомври 2009 година, го разгледа Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година.

Прочитај повеќе

ПСРМ оствари средби со претседателот на Парламентот на Репу...



Среда, 21 октомври 2009, Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски оствари средби со претседателот на Парламентот на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева и аргентинската делегација во ИПУ

Во рамките на 121. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 19 до 21 октомври во Женева, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева

Прочитај повеќе
1...101112...38                                       
Click