Триесет и втора седница на Комисијата за економски прашања ...

Понеделник, 28 декември 2009 година

Триесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Триесет и втората седница, одржана на 25 декември 2009 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (второ читање).

Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија го образложи заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков. Тој во своето излагање истакна дека станува збор за менување на еден член од Законот, во којшто се регулира начинот на кој што Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија ги добива средствата за својата работа.

Наместо трансфер преку Министерството за економија, во Предлог-законот се предлага истиот да оди директно од Буџетот на Република Македонија. Со префрлањето на средствата од Буџетот ќе се има подобар увид и прегледност на начинот и на разните активности за коишто се користат овие средства кои што се префрлени на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија.

Според него, главна цел на оваа промена на членот е да се подобри увидот на конкретните активности кои што Агенцијата ги презема. Со донесување на овој Закон, заменик-министерот за економија истакна дека истиот ќе придонесе значително зајакнување на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.

Комисијата за економски прашања, врз основа на расправата, едногласно заклучи дека Предлогот на закон за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија треба да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Г. Џеват Адеми одржа средба со претставници на Мрежата за м...



Петок, 25 декември 2009 година

средба на Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Г. Џеват Адеми, со претставници на Мрежата за мултикултурно општество во Македонија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, одржа средба со претставници на Мрежата за мултикултурно општество во Македонија, на која присуствуваа г-ѓа Виолета Крстиќ од Заедницата на Хрватите во Република Македонија, г-ѓа Анастасија Рибарски од словенечкото здружение „Франц Прешерн“, г. Мирољуб Орландиќ од Заедницата на Црногорците во Република Македонија и Рубин Земон од Сојузот на Балканските Египќани

Прочитај повеќе

Деветтата седница на Буџетскиот совет 28,12,09...



Понеделник, 28 декември 2009 година

Деветта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Деветтата седница, одржана на 24 декември 2009 година, го разгледа Предлогот на стратегијата за развој на Собранието на Република Македонија за периодот 2010 - 2013 година и врз основа на расправата едногласно ги усвои следните заклучоци:

  1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија согласно член 27 став (1) од Законот за Собранието на Република Македонија ја разгледа и усвои Стратегијата за развој на Собранието на Република Македонија во периодот 2010-2013 година;
  2. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија го задолжува генералниот секретар на Собранието на Република Македонија да формира работна група составена од државни советници од Службата на Собранието, која ќе го изготви работниот текст на стратешките приоритети за 2010 година, во којшто ќе се развијат стратешките цели со конкретни активности, носители на активности и рокови за реализација на активностите. Притоа, Буџетскиот совет укажува на потребата во Стратегијата за развој на Собранието за периодот 2010-2013 година и при утврдувањето на стратешките цели и приоритети да се обезбеди поголема транспарентност;
  3. Работната група која ќе го изготвува работниот текст на стратешките приоритети да биде во непосредна комуникација со работната група формирана за изготвување на Стратегијата за развој на Собранието на Република Македонија во периодот 2010 - 2013 година и со Буџетскиот совет на Собранието, поради усогласување на задачите.
Прочитај повеќе

Обраќање на Претседателот на Парламентот на Австралија, г. ...



Понеделник, 14 декември 2009 година

Обраќање на Претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Австралија, г. Хери Џенкинс, пред пратениците на Собранието на Република Македонија

Нашите две земји имаат топли и пријателски односи, кои се зајакнати од силните односи во заедницата и блиските меѓучовечки односи. Нашите две заедници имаат значајни историски, значајни мултикултурни и етнички различни народи, со кои сите можеме да се гордееме.
На последниот попис во Австралија 84.000 луѓе се изјасниле дека имаат потекло од Македонија. Дел емигрирале во Австралија, додека други се родени во Австралија. И покрај тоа што имаат австралијанско државјанство, нивното македонско наследсво останува многу силно.
Селењето на семејството и личниот живот и патувањето преку половина свет не е мала работа. Но, тоа го сторија Македонците со доаѓањето во Австралија

Прочитај повеќе

Средба на г-ѓа Тања Фајон, 18.12.2009...



Петок, 18 декември 2009 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со пратениците на европскиот парламент г-ѓа Тања Фајон и г. Зоран талер

На средбата присуствуваа членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции, членовите на Комисијата за надворешна политика, членовите на Комисијата за европски прашања, членовите на Мешовитиот парламентарен комитет на РМ-ЕУ, претставници на амбасадите од Кралството Шведска, Кралството Шпанија и Чешката Република, претставници од невладиниот сектор, медиумите и службата на Собранието на Република Македонија

Прочитај повеќе

44 седница на Комисијата за финансирање и буџет 14.12.09...



Понеделник, 14 декември 2009 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и четвртата седница, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (прво читање) и Предлогот на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (второ читање)

Прочитај повеќе

31 седница на Комисијата за економски прашања...



Понеделник, 14 декември 2009 година

Триесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Триесет и првата седница, одржана на 10 декември 2009 година, како матично работно тело ги разгледа: Предлогот на Закон за изменување и дополнување на законот за минерални суровини (прво читање), Предлогот на Одлука за давање на согласност на утврдената стапка на надомест од вкупниот приход на друштвата кои вршат енергетска дејност за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2010 година, во корегиран текст и Предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2010 година, во корегиран текст.

Прочитај повеќе

Светлана Јакимовска на Вонредна конференција на претседател...



Сабота, 12 декември 2009 година, Стокхолм

Учество на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, на Вонредна конференција на претседатели на парламентите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство во Унијата

Привилегија и задоволство е да се учествува на Конференцијата по усвојувањето и стапувањето на сила на Лисабонскиот договор што донесе зголемување на улогата на националните парламенти како најзначајна новост на новиот Договор, а со која се надминува проблемот на демократскиот дефицит на Унијата. Тоа практично ќе значи дека ЕУ ќе има подобра легислатива преку нејзината подобра информираност за состојбите во државите-членки и ќе прерасне во интерпарламентарна демократија

Прочитај повеќе

Шеста седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 15,12,...



Вторник, 15 декември 2009 година

Шеста седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците на 11 декември 2009 година ја одржа Шестата седница со дневен ред

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ на конференција на ФФМ...



Вторник, 15 декември 2009 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната Конференција „Превенција и репресија на насилството на фудбалските стадиони“

Насилството на спортските манифестации е присутно и кај нас. Ако погледнеме од законски аспект, Република Македонија насилството на спортските манифестации добро го има санкционирано. Имено, ние имаме таканаречен лекс специјалис, а тоа е Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, донесен во 2004 година. Тука е Кривичниот законик, Законот за прекршоците и така натаму. Дали на оваа законска регулатива и се потребни измени и дополнувања, пред сè, треба вие да кажете. Секако, на денешната конференција и за ова ќе стане збор. Јас, како претседател на Собранието, сакам да ве уверам дека сите пратеници, без разлика на партиската припадност, сме подготвени, ако дојдат вакви предлози, најбрзо во рамките на собраниската процедура да ги усвоиме.

Прочитај повеќе
123...38                                       
Click