42 седница на Комисијата за финансирање и буџет 11,12,09...



Петок, 11 декември 2009 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет, на Четириесет и втората седница, одржана на 24, 25, 30 ноември, 1, 2, 4, 7, 9 и 10 декември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2010 година

Прочитај повеќе

Советот на Европа, 9.12.2009...

 Среда, 9 декември 2009 година, Париз

Учество на пратеникот Андреј Жерновски на комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Пратеникот Андреј Жерновски учествува на состанокот на Комисијата за миграции, бегалци и население на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и на Регионалната конференцијата за миграции и насилство врз жените во Европа, организирана од Советот на Европа и Интерпарламентарната унија, кои се одржуваат од 9 до 11 декември 2009 година во Париз.

На Комисијата за миграции, бегалци и население, г. Жерновски ќе информира за работата на Меѓународната конференција за миграциите на Ромите и слободата на движење на која учествуваше како претставник на Комисијата на 9 и 10 ноември 2009 година во Виена.

На Регионалната конференцијата за миграции и насилство врз жените во Европа, пратеникот Жерновски ќе има улога на претседавач во делот од сесијата на кој  ќе се расправа за прогонот врз основа на полот, односно формите на насилство врз жените, како сексуалното насилство во време на вооружени конфликти, домашното насилство, присилните бракови и други напади на физичкиот и психичкиот интегритет на жените, кои ги тераат да ги напуштаат своите држави и да бараат азил.

На сесијата ќе се разгледува имлементацијата во европските држави на Водечките принципи за прогонот врз основа на полот, објавени од високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во 2002 година, како и начините да се избегне дискриминацијата на жените во државите во кои пристигнуваат како мигранти.

Прочитај повеќе

34 седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу ...



Понеделник, 14 декември 2009 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на седницата одржана на 11 декември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (прво читање).

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема „ Сексуално и репродуктивно здравје ...

Понеделник, 14 декември 2009 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Јавна расправа на тема „Сексуално и репродуктивно здравје на младите во Република Македонија“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. денеска организираше јавна расправа на тема „Сексуално и репродуктивно здравје на младите во Република Македонија“

Прочитај повеќе

Самит ЕУ - Украина 04,12,09...

Петок, 4 декември 2009 година, Киев

Самит ЕУ - Украина

Економската и финансиската криза, трговските реформи и прашањата за гасот, се само некои од темите кои ќе бидат разгледани од страна на лидерите на Европската унија и Украина на денешниот самит во Киев.

Шведскиот премиер и претседавач со ЕУ, г. Фредерик Рејнфелд, кој ќе го води самитот, се надева на добра дискусија за тоа како соработката може да се развива во иднина.

„Важно е дека видовме дека Украина направи силни ангажмани и наскоро ќе преземе поголема одговорност во справувањето со економската криза. Освен тоа, се надевам дека можеме да имаме добра расправа за тоа како можеме да ја развиеме нашата соработка и понатаму, без оглед дали се работи за трговија помеѓу ЕУ и Украина  или кога е во прашање спроведување на потребните реформи во земјата“, изјави премиерот на Шведска.

Украина е една од земјите вклучени во „Источното партнерство“, кое подразбира поблиска соработка помеѓу ЕУ и шесте земји, што воедно е и приоритетно прашање на Шведското претседателство.  
Прочитај повеќе

Советот на ЕУ одлучува за добивањето датум за преговори за ...



Понеделник, 7 декември 2009 година

Советот на ЕУ одлучува за добивање датум за преговори за членство на Македонија во Унијата

Советот на Европската унија на дводневен самит во Брисел, денеска и утре треба да одлучи дали Република Македонија ќе добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, што беше препорачано од Европската комисија и Европскиот парламент

Прочитај повеќе

Средба координатори, 11.12.2009...



Петок, 11 декември 2009 година

Средба на координатори на пратенички групи во Собранието на Република Македонија со г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија

Координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија денеска имаа средба со претседателот на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија, г. Хери Џенкинс

Прочитај повеќе

г. Илија Димовски со г. Хери Џенкинс, 11,12,09...



Петок, 11 декември 2009 година

Средба на претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија г. Илија Димовски со г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија

Претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија г. Илија Димовски денеска оствари средба со г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија. Ова е прва средба на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија од нејзиното основање

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со Хери Џенкинс...



Петок, 11 декември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Претставничкиот дом на Австралија Хери Џенкинс кој е во официјална посета на Република Македонија

Навистина е големо задоволство кога во посета доаѓа вистински пријател, а вие господине Џенкинс сте вистински пријател на Македонија, истакна на почетокот претседателот на Собранието господинот Вељаноски. Иако Република Македонија и Австралија се многу далеку, двете држави имаат добри билатерални односи, а во тие рамки свое место и придонес треба да дадат и двата парламента. Ме радува фактот дека и во Претставничкиот дом на Австралија е формирана група за пријателство со Република Македонија. Овие односи треба да ги развиваме и поради фактот дека во Австралија живее голема македонска дијаспора, а во Македонија многу позитивно беше прифатен билатералниот договор за социјалните права на Македонците потпишан неодамна за време на посетата на претседателот на Владата на Република Македонија господинот Никола Груевски на вашата држава, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Како што знаете Република Македонија се определи за евроатлантските интеграции. Во тие рамки неодамна за нашите граѓани ЕУ го укина визниот режим. Мислам дека ваков договор треба да постигнеме и со Австралија имајќи ги предвид токму врските со нашите сонародници кои живеат во Австралија, истакна Вељаноски.

Прочитај повеќе

Обраќањето на ПСРМ, Универзална сала 3 Декември...



Четврток, 3 декември 2009 година

Обраќање на претседателот Вељаноски во Универзална сала на одбележување на 3 Декември - меЃународен ден на лица со инвалидност

Денеска во целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. Основна цел на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност е уште еднаш да се потсетиме дека овие наши сограѓани се тука меѓу нас. Но, истовремено и да погледнеме што сите ние како поединци и како институции, односно како држава во целост, сме направиле за овие наши сограѓани за во целост да се вклучат во сите сфери на општественото живеење. Тоа е наша законска обврска, а уште повеќе тоа е наша морална обврска, ако како поединци и како институции хуманоста ни е вистинска, а не само декларативна вредност. 

Прочитај повеќе
1234...38                                       
Click