Активности



Вторник, 29 јуни 2010 година

Петнаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Петнаесеттата седница, одржана на 28 јуни 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за авторското право и сродните права - I читање.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура.

Во своето излагање, министерот за култура истакна дека овој Предлог на закон е усогласен со сите директиви на Европската унија, конвенции, меѓународни договори и други акти. Особено ги истакна аргументите за потребата од донесување на Предлог-законот поврзани со потребата од надминување на одредени проблеми кои произлегуваат во примената на постоечкиот Закон, поради негово ризично разбирање и примена, особено се значајни одредени нејаснотии на поимите и институциите во Законот, но и недоволното прецизирање во одредени носечки модели за остварување и заштита на правата на авторите, изведувачите и сите оние кои се јавуваат како носители на авторското право и сродните права.

Таа истакна дека во предлог-текстот е извршено и темелно и систематско соодветно усогласување на одредени институти, модели согласно  националното законодавство и странските искуства, прецизирање на дефинициите, решенијата и поимите во областа и осовременување и усогласување на текстот на законот со измените во македонските прописи  од системски карактер.

На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за култура го разгледа Предлогот на законот за авторското право и сродните права - I читање и оцени дека тој е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.


Click