Активности



Четврток, 24 јуни 2010 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 39. Седница, одржана на 23 јуни 2010 година ги разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност (второ читање).

Седницата ја отвори и со неа заседаваше претседателот на Комисијата, г. Никола Ќуркчиев. Во својство на претставник на Владата на Република Македонија, на седницата присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г-ѓа Верица Проковиќ во својство на повереник на Владата на Република Македонија. 

Во образложението на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, г-ѓа Проковиќ особено нагласи дека со ребалансот на Буџетот се овозможува реализацијата на проектираната стапка на дефицит од 2,5%, што е како резултат на дисбалансот на проектираните и прибраните средства како прилив во Буџетот. 

Интервенциите што се преземаат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се однесуваат на намалување на расходите во сферата на материјалните трошоци, стоки и услуги. 

Таа истакна дека се задржува политиката на доделување субвенции во земјоделското производство, а се интервенира во сферата на распределба на средства во програмите за развој на земјоделието.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност, претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок, утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесен е еден амандман.

Комисијата го разгледа амандманот за менување на член 5, поднесен од пратеникот Благородна Дулиќ, кој без дискусија едногласно беше усвоен од Комисијата со видоизменет текст.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност (второ читање) на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click