Активности



Понеделник, 13 септември 2010 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната Четириесет и втора седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храната на животни.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Панче Дамески, г. Јован Гинев, г. Васко Шутаров, г. Никола Ќуркчиев и г. Живко Пејковски.

Беше нагласена потребата за донесување на предложениот закон од аспект на усогласување и хармонизација на домашното со европското законодавство, што значи применување на стандарди од највисок степен за заштита на храната за животни, со цел да се заштити здравјето на храната за луѓето и животните.

По завршување на расправата по Предлог-законот, Комисијата со 8 гласа „за“ и 2 „воздржани“ го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храната на животни (прво читање) и оцени дека тој е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click