Активности



Петок, 12 февруари 2010 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Cобранието на Reпублика Македонија на 10 февруари 2010 година ја одржа Четириесет и третата седница.

- Во прво читање Комисијата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух.

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г-ѓа Соња Лепипкова, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, која ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Комисијата едногласно заклучи  дека  овој Предлог-закон e прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање, од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

- На истата седница, Комисијата го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата - I читање.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Во расправата учествуваа  пратениците Васко Шутаров и  Игор Ивановски.

Комисијата едногласно заклучи  дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

- Комисијата го разгледа и Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за долгорочно финансирање на Програмата за соработка за мониторинг и оценување на далекусежното пренесување загадувачки супстанции во  воздухот во Европа (ЕМЕП).

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи, кој ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.
 
Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа Предлог на законот и да го донесе Законот за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за долгорочно финансирање на Програмата за соработка за мониторинг и отценување на далекусежното пренесување загадувачки супстанции во воздухот во Европа (ЕМЕП), од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

- Комисијата за европски прашања исто така го разгледа и Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година во врска со понатамошно намалување на емисиите на сулфур.

Господин Горан Стевчевски ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Комисијата едногласно му предложи на Собранието на Република Македонија  да го  разгледа Предлог на законот и да го донесе  Законот  за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година во врска со понатамошно намалување на емисиите на сулфур, од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

- На истата седница Комисијата го разгледа уште Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштање азотни оксиди или за нивно прекугранично пренесување.

Државниот советник во Министерството за надворешни работи ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Комисијата за европски прашања едногласно  заклучи  да му предложи на Собранието на Република Македонија  да го разгледа Предлог на законот и да го донесе Законот за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштање азотни оксиди или за нивно прекугранично пренесување, од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Click