Активности

Четврток, 23 септември 2010 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и трета седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храната на животни.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Никола Ќуркчиев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно 24 амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата усвои 19 амандмани од кои еден по предлог на Комисијата, три не усвои, а по три не водеше претрес од причина што предлагачите истите ги повлекоа.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлогот на закон за безбедност на храната на животни да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 
Click