Активности



Вторник, 19 октомври 2010 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 44. Седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храна

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија, на седницата присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а учество зедоа и г. Дејан Рунтевски, директор на Управата за ветеринарство и г. Светлана Томеска Мицкова претставник од Управата за ветеринарство.

Претставникот на владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. Тој посебно ја нагласи потребата за донесување на овој закон од аспект на хармонизација и усогласување на домашното со европското законодавство.

На седницата на Комисијата, од присутните членови беа поставени прашања, на кои одговор дадоа претставниците на Владата на Република Македонија.

По завршување на расправата по Предлог-законот, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со мнозинство гласови оцени дека Предлог-законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.

Click