Активности

Четврток, 3 јуни 2010 година

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 45. седница, одржана денеска по повод настаните со хуманитарниот конвој во близината на Појасот Газа, го донесе следниов Заклучок:

Комисијата

- нагласувајќи ја потребата од почитување на Конвенциите на ООН за човековите права;

- поаѓајќи од мирољубивата политика на Република Македонија и сметајќи го дијалогот како единствено цивилизциско средство за решавање на конфликтни ситуации: 
 
а) го осудува секој вид насилство како средство за решавање на проблемите и се надева дека во одбраната на сите видови интегритети и права, државите ќе го одберат дијалогот како единствено средство за решавање на недоразбирањата и различностите;

б) изразува жалење и загриженост за инцидентот во кој беа инволвирани изреалските воени сили и хуманитарниот конвој што се случи во меѓународните води во близината на Појасот Газа;

в) го поздравува вниманието со кое светот му приоѓа и го осудува овој инцидент којшто ја загрозува безбедноста на цивилното население и влијае на мирот во светот;

г) се надева дека барањата на меѓународната заедница за непристрасна истага на околностите под кои се случил инцидентот ќе бидат доследно спроведени во името на правдата;

д) укажува на потребата од отворање на протокот за хуманитарната помош за цивилното население во Газа;  

- Овој заклучок да се достави до Претседателот на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Click