Активности

Петок, 30 април 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и петтата седница, одржана на 27 април 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање.                    

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Михајловски, заменик на министерот за транспорт и врски.

Во образложението на Предлог-законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Заменик-министерот особено ја потенцираше определбата на Владата на Република Македонија за усогласување на домашното со европското законодавство. 

На седницата со своја дискусија учествуваа пратениците: г. Томе Чинговски, г. Никола Ќуркчиев, г. Томе Даневски, г. Јован Лазарев, г-ѓа Катерина Димеска и г. Цветко Грозданов.

На крајот од седницата, Комисијата едногласно оцени дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.
Click