Активности



Среда, 3 ноември 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 45. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храна.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Дејан Рунтевски, директор на Управата за ветеринарство и г-ѓа Светлана Томеска-Мицкова, претставник од Управата за ветеринарство.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно 43 амандмани по Предлогот на законот.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлогот на закон за безбедност на храна да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click