Активности



Вторник, 4 мај 2010 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и шестата седница, одржана на 3 мај 2010 година, како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони:

  1. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија (второ читање);
  2. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите (второ читање);
  3. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија (второ читање);
  4. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители (второ читање);
  5. Предлог на закон за изменување на Законот за извршување (прво читање).

Претседателот на Комисијата, г. Зоран Петрески, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластените предлагачи по Предлог-законите.

Со оглед на тоа што не беа поднесени амандмани, Комисијата констатираше овие Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

Click