Активности

Среда, 9 јуни 2010 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и четвртата седница која се одржа денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата со шест гласа „за“ и три гласа „воздржан“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“.
Click