Активности



Вторник, 24 август 2010 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 23 август 2010 година, ја одржа Седумдесет и првата седница, на која како матично работно тело разгледа четири Предлог-закони:

  • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд (второ читање);
  • Предлог на закон за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4  (второ читање);
  • Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација (второ читање);
  • Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се случи меѓу Кредитната банка за обнова-КФВ и АД ЕЛЕМ (второ читање).

Со оглед на тоа што по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, не беа поднесени амандмани, Комисијата  едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд.

По Предлогот на закон за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4, беа поднесени Амандман на членот 3, Амандман за додавање на нов став 2 по ставот 1 во членот 3, Амандман за додавање на нов член 5-а по членот 5, кои од страна на Комисијата не беа усвоени.

Комисијата со 5 гласа „за“, 2 „против“ и 1 „воздржан“, заклучи дека не се испонети условите за подготовка на Дополнет предлог на овој закон и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе законот за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на Oдборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4.

Комисијата со 3  гласа „за“ и 5 „против“  не го усвои Амандманот за додавање на нов член 5-а по членот 5 на Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација.

Комисијата со 5гласа „за“,  2 „против“ и 1 „воздржан“, заклучи дека не се исполнети условите да се подготви Дополнет предлог и му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација.

Амандманот за додавање на нов член 6-а по членот 6 по Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КфВ и АД ЕЛЕМ Комисијата  со 3 гласа „за“ и 5 „против“, не го усвои.

Комисијата со 7 гласа „за“ и 1 „воздржан“, заклучи дека не се исполнети условите да се подготви Дополнет предлог и му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КфВ и АД ЕЛЕМ.

Click