Активности



Четврток, 21 октомври 2010 година

Осумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа својата Осумдесет и прва седница, на која како матично работно тело разгледа шест Предлог-закони.

- Комисијата го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија (во второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата со седум гласа „за“ и три „против“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе овој Закон.

- Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (во второ читање), не беа поднесени амандмани и Комисијата со седум гласа „за“ и три „воздржани“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси.

- Амандмани не беа поднесени и по Предлогот на закон за дополнување на Законот за даночна постапка (во второ читање). Комисијата со седум гласа „за“ и три „против“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за дополнување на Законот за даночна постапка.

- Со оглед на тоа што по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија (во второ читање) не беа поднесени амандмани, Комисијата со седум гласа „за“ и три „воздржани“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија.

- Комисијата како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Европската инвестициона банка по финансискиот договор за глобално финансирање на мали и средни претпријатија и инфраструктурни проекти од локалната самоуправа во износ од 20 милиони ЕВРА (во второ читање).

По овој Предлог на закон, исто така не беа поднесени амандмани и Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе овој Закон.

- На истата седница, Комисијата за финансирање и буџет го разгледа уште Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи (во второ читање), по кој не беа поднесени амандмани. Комисијата со седум гласа „за“ и три „против“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи.

Click