Активности



Среда, 14 јули 2010

Осумдесет и прва седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на Осумдесет и првата седница, одржана на 13 јули 2010 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Благородна Дулиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во расправата по Предлог-законот, учествуваше повереникот на Владата на Република Македонија, г. Борче Смилевски, раководител на Сектор во Министерството за финансии, кој ги образложи причините за донесување на овој закон.

Комисијата Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click