Активности



Сабота, 24 јули 2010 година

Осумдесет и втора седница на Законодавно - правната комисија

Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и втората седница одржана на 22 јули 2010 година во Прво читање ги разгледа  Предлогот на законот за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4 , Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи”, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КФВ и АД ЕЛЕМ и Предлогот на законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Потребата од донесување на законот за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4 и законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи”, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КФВ и АД ЕЛЕМ ги образложи повереникот на Владата на Република Македонија Сузана Пенева државен советник во Министерството за финансии, при што ги даде образложенијата содржани во Предлог на законите.

Претставникот на Владата на Република Македонија, г. Ибрахим Ибрахими заменик на министерот за правда ја образложи потребата од донесување на законот за меѓународна соработка во кривичната материја, при што го даде образложението содржано во Предлогот на законот.

Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија едногласно констатира дека предложените три Предлог на закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање. 

 


 

Click