Активности



Вторник, 2 ноември 2010 година

Осумдесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осумдесет и трета седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација (по скратена постапка).

Воведно образложение по Предлог-законот даде заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи. Тој истакна дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, се измени одредбата од член 20 која го уредува стекнувањето со владение на експроприраната недвижност од страна на корисникот на експропријацијата и наместо дотогашното решение, корисникот на експропријацијата да се стекнува со владение на експроприраната недвижност со правосилноста на решението за експропријација, се предвиде корисникот на експропријација да се стекне со владение на експроприраната недвижност со конечноста на решението за експропријација.

Уставниот суд на Република Македонија, покрај другото, ја укина и одредбата од член 20 став 1 од Законот за експропријација, во делот „односно со конечноста на решението од член 17 став 4 на овој закон“, поради што се создаде правна празнина во одредбата која го регулира стекнувањето со владение на експроприраната недвижност на корисникот на експропријацијата.

Од тие причини, предложената измена и дополнување на Законот за експропријација е во насока нормативно да се уреди прашањето за стекнување со владение на експроприраната недвижност на корисникот на експропријацијата по влегувањето во сила на одлуката на Уставниот суд.

Основна цел на предложените измени и дополнувања на Законот за експропријација е да се уреди прашањето за стекнување со владение на корисникот на експропријацијата со експроприраната недвижност по создадениот правен вакуум со одлуката на Уставниот суд на Република Македонија.

Во претресот, свои мислења, забелешки и сугестии изнесоа пратениците г. Марјанчо Николов и г. Јован Манасијевски.

Комисијата со  осум гласа „за“ и три „против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготовка на Дополнет предлог на овој закон и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација.

Click