Активности



Четврток, 16 септември 2010 година

Четиринаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Четиринаесеттата седница, одржана денеска, ги разгледа Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година и Предлог-стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година.

Буџетскиот совет врз основа на расправата по Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година на крај едногласно ги усвои следниве заклучоци:

1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија го разгледа и го прифати Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година.

2. Овој заклучок на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, до раководителот на Секторот за финансиски прашања и до Министерството за финансии.  

Во однос на Предлог-стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година Буџетскиот совет едногласно ги усвои следниве заклучоци:

1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија согласно член 27 став (1) алинеја 1 од Законот за Собранието на Република Македонија го разгледа и утврди Стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година.

2. Овој заклучок заедно со Стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2011 година да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и до Министерството за Финансии.
 

 

Click