Активности

Четврток, 10 јуни 2010 година, Комисија за европски прашања

Дебата на тема „Невладините организации и евроинтегративниот процес во Република Македонија“

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска организираше дебата на тема „Невладините организации и евроинтегративниот процес во Република Македонија“, со цел актуелизирање на улогата на невладините организации и унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Македонија и граѓанскиот сектор.

Воведни обраќања имаа: г. Петар Поп-Арсов, претседател на Комисијата за европски прашања, г. Беким Хоџа, претставник на граѓанската асоцијација „Разбуди се“, г-ѓа Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Македонија, г. Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и г. Дарко Алексов, претседател на граѓанската асоцијација „МОСТ“.

Преку една сеопфатна и широка расправа, Комисијата за европски прашања сака да даде свој придонес по ова значајно прашање, анализирајќи го од аспект на влијанието што невладините организации го имаат врз евроинтегративниот процес во целина.

Придонесот на невладините организации е значаен во промовирањето и градењето на демократската култура и социјална кохезија на сите општествени нивоа, а со тоа и значењето што го имаат кон промовирањето на Република Македонија во рамките на Европската унија.

На средбата беше истакнато дека членството во ЕУ налага многу реформи, чие спроведување е фундаментална обврска кон сите граѓани.  Евроинтегративниот процес не значи само донесување на закони, туку подобрување на стандардот, и како таков треба да е во интерес на севкупниот владин и невладин сектор.

 
Click