Активности



Четврток, 11 март 2010 година

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, оствари средба со Делегација од Република Словенија

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Павел Гантар. Во составот на Делегацијата на Република Словенија беа и шефот на Пратеничката група, г. Јошко Годец, потпретседателот на Комисијата за прашања со Европската унија , г. Богдан Баровиќ и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Алан Брајан Бергант.

На средбата присуствуваше заменик-министерот за економија, г. Методија Хаџи Васков и  членовите на Комисијата за економски прашања: г.Ванчо Коцев, г. Оливер Деркоски, г. Ристо Стојанов, г-ѓа Лидија Митева и г-ѓа Зумрете Јакупи.

Претседателот на Комисијата, г. Љубисав Иванов Ѕинго, ги запозна присутните со составот и работата на Комисијата и воедно изрази благодарност за сестраната поддршка што Република Словенија ѝ ја дава на Република Македонија во рамките на евроатлантските интеграции.

Присутните разменија искуства по прашањата од областа на економијата, односно билатералната трговска соработка на Република Македонија со Република Словенија, ефектите од економската криза и начините за справување со истата. 

Беше истакнато дека и покрај соработката на политичко, економско и културно ниво на Република Македонија со Република Словенија, сепак во последната година е забележано намалување на стопанската трговска соработка и во иднина треба да се зголеми извозот на македонските производи во Република Словенија.

Click