Активности

Вторник, 25 мај 2010 година, Загреб, Хрватска

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Саборот на Република Хрватска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

Делегацијата на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Саборот на Република Хрватска, која се наоѓа во тридневна возвратна посета на Саборот, предводена од г-ѓа Благородна Дулиќ, денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ.

Во составот на делегацијата на Собранието на Република Македонија се и пратениците г-ѓа Надица Танчева Тулиева, г. Даут Реџепи и г. Васко Шутаров.

На средбата беше разговарано за развојот на пријателските односи меѓу двете држави, при што претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ искажа потполна подготвеност за споделување на искуствата на Хрватска во однос на евроинтегративните процеси.

Претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ истакна дека е од голем интерес земјите од регионот да соработуваат и да ги развиваат добрососедските односи.

Исто така, на средбата беше разговарано за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат двете држави кон полноправното членство во Европската унија.

Членовите на нашата делегација се изјаснија во прилог на меѓупарламентарната соработка, но и за развој на економската, културната и туристичката соработка меѓу двете држави.

 

Click