Активности

Среда, 28 јули 2010 година

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, ќе го отвори jубилејноto издание на фестивалот „Илинденски денови“

Под покровителство на Собранието на Република Македонија, од 29 јули до 1 август 2010 година, во Битола, ќе се одржи по 40-ти јубилеен пат Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, госпоѓа Светлана Јакимовска, официјално ќе го отвори фестивалот.

Фестивалот е единствена сцена во Македонија каде што се негува и презентира изворната народна традиција претставена преку народните ора, песни, обичаи, носии и е своевиден мост за поврзување на многувековната традиција со денешницата.

Во фестивалската програма ќе земат учество триесет до четириесет културни уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од сите етно региони на Република Македонија, потоа групи на Македонците од соседните држави, како и групи на националностите коишто живеат во Македонија.




Click