Активности



Понеделник, 4 октомври 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ОСМИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ 

На почетокот на месец октомври, излезе осмото издание на Билтенот на собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ). Во тековниот број, содржани се информации и активности за посетата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Република Турција и за средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и други информации поврзани со активностите на релевантните собраниски тела и делегации кои работат на европски прашања. 

Билтенот има за цел првенствено и редовно да ги информира европратениците во Европскиот парламент, но и пратениците во националните парламенти на земјите-членки и земјите-кандидати за ЕУ кои работат на европски прашања, администрацијата во Европскиот парламент и националните парламенти, преставници на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство за активностите на Собранието на Република Македонија поврзани со евроинтегративниот процес.
 
Билтенот се изготвува во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
 
Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса: http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx,
 
а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click