Активности



Четврток, 25 февруари 2010 година

Јавна расправа на тема: Родови политики во Европската унија
 
Клубот на пратенички, на 24 февруари 2010 година, организираше јавна расправа на тема: Родови политики во Европската унија. Трибината ја отвори координаторката на Клубот на пратенички Славица Грковска-Лошкова.

Свои обраќања на темата имаа гостите, претставници од меѓународната заедница - нивните екселенции г. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на делегација, Делегација на Европската унија, г-ѓа Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, г-ѓа Наталија Дрозд, амбасадор, заменик-шеф на мисија на ОБСЕ во Република Македонија, како и г-ѓа Асја Варбанова, раководител на програма, шеф на Канцеларија на УНИФЕМ во Република Македонија.

Нивните обраќања предизвикаа голем интерес кај присутните кои дискутираа изнесувајќи ги своите ставови, коментари, предлози и друго, се со цел унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија.

На темата дебатираа: пратеничките г-ѓа Наташа Јанева, г-ѓа Косана Николиќ Мазнева и г-ѓа Дарка Петрушевска, претседателката на Националниот совет на жените во Република Македонија - СОЖМ г-ѓа Савка Тодоровска, г-ѓа Слободанка Марковска од Институтот за родови студии - Филозофски факултет-Скопје, г-ѓа Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање на политики, г-ѓа Теута Крашница-Чучкова од НВО “Животна искра” и г-ѓа Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби.

Click