Активности

Вторник, 23 февруари 2010 година, Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
Јавна расправа по Предлог на законот за спречување и заштита од дискриминација


Поаѓајќи од значењето и потребата од донесување на Закон за заштита од дискриминација во Република Македонија, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија, на 22 февруари 2010 година, организираше Jавна расправа по Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација.

 Имајќи ги предвид изнесените ставови, препораки и дискусии на учесниците во Јавната расправа, Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот ги доставува сублимираните мислења:

1. Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ја поддржува неопходноста од итно донесување на Закон за заштита од дискриминација согласно директивите на Советот на ЕУ 2000/43/ЕЗ и 2000/78/ЕЗ за спроведување на принципот за еднаков третман на граѓаните во Република Македонија по секој основ, како и во согласност со препораките од Венецијанската комисија на Советот на Европа, ОДИХР и заклучните согледувања на специјализираните тела на ООН, меѓународните стандарди и европското законодавство, со што ќе се обезбеди ефикасна заштита од сите форми на дискриминација загарантирани со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во Собранието на Република Македонија;

2. Од изнесените мислења, ставови и дискусии на експертите за човекови права, претставниците на земјите-членки на ЕУ, претставниците на граѓанскиот сектор и научната јавност, потребно е Владата на Република Македонија да го повлече овој Предлог на закон за заштита од дискриминација и да ја достави до пратениците во Собранието на Република Македонија усогласената верзија на Предлог на законот за заштита од дискриминација, бидејќи е невозможно сегашниот владин Предлог на закон да се поправи со амандманско интервенирање;

3. Согласно Париските принципи, како основни меѓународни стандарди за национални институции за човекови права, беше нагласена потребата да се воспостави институционална рамка на Комисијата за еднаквост која ќе гарантира целосна независност од владините институции, во нејзиното формирање, надлежностите, финансирањето и административно-техничката логистика.

 


Click