Активности



Петок, 7 мај 2010 година

Јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата декларација: патот на Македонија кон Европска унија"

Собранието на Република Македонија во рамките на традиционалната манифестација „Отворен парламент“ во соработка со Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ), денеска организираа меѓународна научна и јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата декларација: патот на Македонија кон Европска унија" по повод 9 мај - Денот на Европа.

Во рамките на оваа манифестација, воведно обраќање имаа г-ѓа Милева Ѓуровска, претседател на ЕДРМ, г. Петар Поп Арсов, претседател на Комисијата за европски прашања, г. Рафис Аљити, потпретседател на Собранието на Република Македонија и г. Ризван Сулејмани, потпретседател на ЕДРМ.

Воедно, свое излагање имаа и г-ѓа Изабел Гизнел, прв советник на Француската амбасада во Република Македонија, г. Дитер Тил од мисијата на ЕУ во Република Македонија, како и пратеници, универзитетски професори, претставници на невладини организации и граѓанскиот сектор.

Присутните го изразија своето задоволство од организацијата на оваа јавна трибина, а воедно разменија мислења и искуства околу прашањата за тоа до каде е Република Македонија на патот кон евроинтегративниот процес.

Click