Активности



Вторник, 19 октомври 2010 година
 
Југоисточна Европа: Креирање на нов моментум 

 
Во заедничка организација на Собранието на Република Македонија и ПС на НАТО, од 19 до 21 октомври 2010 година во Скопје, Република Македонија, се одржува 75. Рос-Рот семинар на тема "Југоисточна Европа: Креирање на нов моментум".

Собранието на Република Македонија и Парламентарното собрание на НАТО шести пат организираат Рос-Рот семинар во Република Македонија.

На отворањето на семинарот поздравно обраќање имаа претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, Н. Е. г-ѓа Никол Вирш, амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, потоа г. Џејмс Пердју, поранешен помошник на генералниот секретар на НАТО и поранешен американски амбасадор во Република Бугарија и парламентарецот г. Марк Ангел, известител на Поткомисијата за демократско владеење и заменик-шеф на делегацијата на Луксемебург во ПС на НАТО.

Модератор на воведната сесија беше г. Талат Џафери, шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО, кој во своето излагање меѓу другото рече дека темата на овогодишниот семинар "Kреирање на нов моментум" е актуелна  тема  која нè обединува сите нас од овој регион, но и тема која не смее да ги остави рамнодушни и другите држави од Европа кои се залагаат за просперитетот, мирот и стабилноста, вредности подеднакво значајни за сите. Влогот во нив треба да се наши приоритети во реализацијата на нашите национални политики.

Исто така, тој изјави дека мирот и стабилноста пак, на овие простори веќе долго се посакувани вредности. Тие се основата за стабилни и здрави општества. Многу често ги слушаме прашањата зошто тежнееме да бидеме дел од НАТО клубот, а како времето поминува нашиот одговор е сè покристално јасен, а тоа е затоа што веруваме во демократските вредности и принципи кои се основа на овие структури. Затоа што и ЕУ и НАТО во актуелново време од историски аспект се без алтернатива за нашиот просперитет. Историјата на човештвото познава повеќе системи, овој 21. век е век на демократските системи и високи цивилизациски вредности. Грижата за богатството што го носат со себе различностите, на културен, етнички или верски карактер е основен постулат на современиот свет.

Во првата сесија насловена Република Македонија: Научените лекции во спречувањето на конфликтите и градење на мултиетничко општество, а која модератор беше г. Сајмон Лан од Женевскиот центар за демократска контрола врз вооружените сили (ДЦАФ), свои излагања имаа г. Абдулаќим Адеми, потпретседател на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, потоа Н.Е. г-ѓа Симоне Филипине, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија-контакт амбасадата на НАТО во Република Македонија, г. Димитар Бечев, висок политички аналитичар и шеф на Канцеларијата во Софија, Европски совет за меѓународни односи и д-р Стево Пендаровски, асистент-професор за меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, Американ колеџ, Скопје.

 преземи

 преземи 

 преземи

Click