Активности

Среда, 24 февруари 2010 година

Средба на Комисијата за образование, наука и спорт со делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија

Комисијата за образование, наука и спорт денеска со имаше средба со делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија.

На средбата се истакна дека билатералните односи и соработката на двете земји на мултилатерален план се збогатени и унапредуваат особено по приемот на РМ како полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата (септември 2006 во Букурешт, за време на претседавањето на Романија со МО на Франкофонијата).

На 26 и 27 февруари 2008 година, помеѓу Република Македонија и Романија се потпиша Протокол за соработка во областа на образованието, со што се овозможува реципрочно одобрување на стипендии на македонски, односно романски студенти.

Исто така на средбата беа разменети мислења и искуства од воведување на реформите на образованието.

Соработката помеѓу двете држави, во областа на образованието главно се реализира во форма на размена на лектори за романски, односно македонски јазик на реципрочна основа.
Click