Активности

Среда, 27 октомври 2010 година
 
Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците имаа средба со претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг
 
На 26 октомври 2010 година, на барање на претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, ЦССП проект за Македонија, во зградата на Собранието на Република Македонија, се одржа средба со членовите на комитетот на тема работата на Комитетот за односи меѓу заедниците и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија.

На поединечните и одделни средби присуствуваа членовите на комитетот г. Ќенан Хасипи, заменик-претседател на комитетот, г-ѓа Катерина Димеска, г-ѓа Анита Кипаризовска Крстеска, г. Имер Селмани, г. Бесим Догани, г. Авдија Пепиќ, г. Рафиз Аљити, г. Менде Диневски и г. Никола Ќуркчиев.

На средбата присуствуваа д-р Диетер Волкевиц, член на Бордот на ЦССП проектот и одговорен за внатрешни односи и г-ѓа Кристина Стенер, проект-менаџер за Македонија. Во нивна придружба беше г. Кујтим Деари, координатор на ЦССП проектот за Македонија.

Проектот ЦССП за Интегративно посредување е финансиран од германскиот парламент и почнал со работа, во Македонија во 2006 година, во општина Струга, каде се фокусирани на меѓунационалните односи, зајакнувајќи го Советот за меѓунационални односи и решавање на проблемите на локално ниво. Споменатиот проект ќе почне да се реализира и во општините Гази Баба и Куманово.

На средбите со членовите на комитетот беше разговарано за улогата на  комитетот во остварување на правата на националните заедници во Република Македонија. Се констатира дека во комитетот како директен производ на Охридскиот рамковен договор и Уставот на Република Македонија, не смее да се спречува расправата по прашањата што се однесуваат на сите заедници, имајќи ја предвид етничката структура на државата. Беа искажани позитивни мислења за функционирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, меѓутоа имаше и предлози за унапредување на работата и позадоволителни резултати во работењето. Дебатите за сите теми во едно мултиетничко општетство, како што е Македонија, треба постојано да се организираат, особено во комитетот.

На крајот од средбата, гостите изразија задоволство од приемот, искреноста и отвореноста при одговорот на поставените прашања и се заклучи средбите да продолжат, да се интензивираат и да се остварува соработка на повисоко ниво со заеднички активности.

 

 
Click