Активности

Петок, 23 јули 2010 година

Мирот на Балканот е услов за стабилност на цела Европа

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со г. Пјер Лелуш, министер за европски прашања на Француската Република. Во состав на Делегацијата беа присутни амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Н.Е. Жан Клод Шлумберже, европратеникот г. Арно Данжан и г. Тиери Гишу, заменик-директор во подирекција за Балканската Европа.

На средбата присуствуваа потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, пратениците и членови на Советот, г. Петар Поп-Арсов, г. Кенан Хасипи, г-ѓа Флора Кадриу, членот г. Димитар Мирчев, како и г. Слободан Антевски, г. Александар Кржаловски и г. Томе Колев, претставници на Советот.

Госпоѓа Шекеринска го поздрави присуството на министерот за европски прашања на Француската Република, а воедно и ги запозна гостите со составот и целите на Националниот совет за евроинтеграции.

Министерот за европски прашања,  г. Пјер Лелуш,  ја истакна добрата соработка помеѓу Француската Република и Република Македонија и воедно посочи дека Франција отсекогаш била присутна на Балканот и давала централно значење на состојбите на Балканот.

„Нашата  цел е обезбедување на стабилност и развој на Република Македонија, како и целокупниот Балкан со европска перспектива”.

За Република Македонија од круцијален интерес е непопречуван евроинтегративен процес, посочи г. Петар Поп-Арсов.

Нашата земја е фокусирана на две точки: спроведување на реформи и решавање на билатералниот спор којшто беше наметнат од нашиот јужен сосед.

Француската Република е сојузнички пријател на Република Македонија и помага во воспоставувањето на демократскиот процес, истакна г-ѓа Флора Кадриу.

Присутните се заблагодарија за поддршката и покажаната солидарнот што ја дава Француската Република на Македонија на патот кон НАТО И ЕУ и дека приклучувањето кон Унијата е неопходен процес.
Click